Утрински Весник
Свет

Русија: Клиничките испитувања на вакцината ќе траат до крајот на 2022 година

Русија: Клиничките испитувања на вакцината ќе траат до крајот на 2022 година

Руското Министерство за здравство соопшти дека пострегистрациската фаза на клинички испитувања на вакцината против коронавирусот „Спутник 5“ треба да заврши до крајот на 2022 година, пренесува „Танјуг“.

Почетокот на испитувањето беше на 25 август, а крајот е планиран за 31 декември 2022 година, се наведува на веб-страницата на руското Министерство, пренесе ТАСС.

Целта на клиничките испитувања по регистрацијата е да се процени ефикасноста, имунолошката моќ и безбедноста на вакцината.

Испитувањата ќе се вршат во девет здравствени установи во Москва.

Русија на 11 август објави дека е прва во светот што ја регистрирала вакцината против Ковид-19, која е развиена во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг