Утрински Весник
Свет

Русија и Белорусија одржуваат воени вежби

Русија и Белорусија одржуваат воени вежби

Русија и Белорусија ќе одржат заеднички вежби на нивните воздухопловни сили во Белорусија, соопшти утрово Министерството за одбрана на Минск.

Вежбите ќе се одржат од 26 до 29 април.

Молдавската претседателка Маја Санду попладнево ќе свика состанок на Врховниот совет за безбедност на земјата поради инцидентите во отцепениот регион Придњестровје.

Во меѓувреме, „Ројтерс“ јавува дека Денис Пушилин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, изјавил дека следната фаза од руската воена интервенција е клучна по безбедносните инциденти надвор од регионот, наведувајќи ги експлозиите во Придњестровје и наводното гранатирање на руските погранични региони.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД