Утрински Весник
Свет

Русија исклучена од Советот за човекови права

Русија исклучена од Советот за човекови права

Генералното собрание на Обединетите нации денеска гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева.

За иницијативата, предводена од САД, според новинарските извештаи гласале 93 земји, додека 24 земји гласале против, а 58 земји биле воздржани, објави Ројтерс.

Резолуцијата за суспензија на учеството на Русија во Високиот комесаријат за човекови права на ОН, за која денеска гласаше Генералното собрание на Светската организација, нема никаква врска со човековите права, изјавил заменик-претставникот на Руската Федерација во ОН Генадиј Кузмин.

„Она што го гледаме денес е обид на САД да задржат доминантна позиција и целосна контрола, да ја продолжат линијата на колонијализмот на човековите права во меѓународните односи“, кажал Кузмин на седницата на Генералното собрание на ОН.

Според агенциите, за суспендирање на Русија било потребно двотретинско мнозинство, а воздржаните не се броеле.

Русија вчера ги предупреди членките на ОН дека гласањето „за“ или „воздржано“ во Москва ќе се смета за непријателски гест, со последици за билатералните врски.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп