Утрински Весник
Свет

Русија излегува од договорот за отворено небо

Русија излегува од договорот за отворено небо

Руската влада даде се од себе во обидот да ги убеди САД да останат посветени на Договорот за отворено небо (ТОС), изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на седницата на Советот на Федерацијата, додавајќи дека Русија е близу до напуштање на договорот.

„ Ние вложивме максимални напори да ги задржиме САД во договорот и сега веруваме дека би било оптимална и правилна одлука да го напуштиме ТОС“, рече Рјабков, како што пренесе ТАС С.

Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, гласаше со големо мнозинство за напуштање на ТОС, со 152 гласа од вкупно 170 пратеници. Истиот закон беше едногласно усвоен на 19 мај во долниот дом на руската Државна дума.

На 15 јануари, руското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека постапката за напуштање на ТОС започна, бидејќи немаше напредок во решавањето на несогласувањата, по повлекувањето на САД во ноември 2020 година.

Американскиот Стејт департмент објави во април дека САД не донеле одлука да продолжат да учествуваат во ТОС.

Договорот за отворено небо е во сила од 2002 година и брои 34 члена. Договорот им овозможува на земјите-членки отворено да собираат информации за воените сили и активностите на другите земји-членки.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство