Утрински Весник
Свет

Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа

Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа
Dik 300x250 mk

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа, бидејќи плаќањата за испорачаниот гас по 1 април ќе пристигнуваат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој на прес-конференцијата рече дека е неповратен декрет на претседателот Владимир Путин да се плаќа во рубљи и дека во моментов, според Русија, тоа е најдобрата и најбезбедната валута за плаќање рубљи, пренесе Ројтерс.

Руската енергетска компанија „Гаспром“ изјави дека почнала да ги информира клиентите за новите руски правила, според кои тие ќе треба да плаќаат за гас во рубли.

„Газпром“ додава дека ќе остане одговорен партнер и ќе обезбедува снабдување со гас.

Можете да прочитате

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол

Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија е изолиран инцидент, тврди британскиот министер за одбрана Хили

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат