Утрински Весник
Спорт

Русија дефинитивно исклучена, Полска директно во баражот

Русија дефинитивно исклучена, Полска директно во баражот

ФИФА потврди дека Полска ќе оди директно во финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар против победникот од дуелот Шведска-Чешка по исклучувањето на Русија, додека Шкотска и Украина својот бараж ќе го играат во јуни.

Полска, Шведска и Чешка одбија да играат против Русија и на неутрален терен поради војната во Украина, по што ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски репрезентации и фудбалски клубови во европските и светски натпреварувања.

Поради ситуацијата во Украина, се дозволи презакажување на нивниот меч против Шкотска за јуни, а подобриот од овој меч ќе игра во мечот за пласман во Катар со победникот од пресметката Велс-Австрија, кој ќе се игра во јуни.

Мечевите Италија-Македонија и Португалија-Турција остануваат во своите оригинални термини.

> Русија дефинитивно исклучена, Полска директно во баражот <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе