Утрински Весник
Свет

Русија: Го уништивме центарот за обука на странски платеници во близина на Одеса

Русија: Го уништивме центарот за обука на странски платеници во близина на Одеса

Русија соопшти дека уништила центар за обука на странски платеници во Украина, северно од Одеса. Тврдењето го пренесе руската новинска агенција Тасс.

Претходно, украинските локални власти објавија дека руски бродови ја гранатираат Одеса и дека има оштетувања на инфраструктурата.

Одеса е стратешки клучен град. Нејзината окупација ќе им овозможи на Русите територијално да ги поврзат сепаратистичките региони и анектираниот Крим, а Украина ќе остане без пристап до Црното Море. Последиците би се почувствувале на глобално ниво, имајќи предвид дека Одеса е извозно пристаниште низ кое поминува значителен дел од извозот на пченица на Украина.

Можете да прочитате

Израел и Иран продолжуваат со напади

Фицо се закани дека ќе ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија поради блокадата на „Дружба“

Тројца загинати, 23 повредени во пожар во солитер во кинеската провинција Шанси