Утрински Весник
Свет

Русија го блокираше сајтот на Навални и уште 48 други страници поврзани со него, објави неговиот тим

Русија го блокираше сајтот на Навални и уште 48 други страници поврзани со него, објави неговиот тим

Руското тело задолжено за следење на Интернет, ја блокираше веб-страницата на Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој е во затвор, пренесуваат руските агенции.

Според написите, блокирани се и 48 страници на луѓе и организации поврзани со него, објави денеска тимот на Навални.

Во јуни, рускиот суд го одобри барањето на обвинителите, организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што тие беа забранети.

Близок сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа „Телеграм“ изјави дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја избегне блокадата.

Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условна казна.

Можете да прочитате

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД

Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот