Утрински Весник
Свет

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување за употреба на вакцината „спутник В“.

„ За време на разговорите, тие се осврнаа на начините за борба против ширењето на новиот коронавирус, вклучително и вакцинирање на населението, за подобрување на јавното здравје и зголемување на достапноста на медицинска нега“ се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство, пренесува ТАС С.

Рускиот министер за здравство го извести шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, за акцијата за вакцинација во Русија.

„ До денес, милиони граѓани ја примија вакцината „спутник В“. Вакцината развива трајни антитела и клеточен имунолошки одговор на патогенот
Ковид-19, но нема негативни несакани ефекти. Всушност, вакцината стана светски бестселер“, рече Мурашко.

Покрај тоа, Мурашко и Гебрејезус разговарале за проекти изработени од руското Министерство за здравство, кои имаат за цел да го подобрат јавното здравство и да ја зголемат достапноста на здравствената заштита во земјата.

„ Генералниот директор на СЗО ги пофали напорите на Русија да воведе дигитална технологија во здравствениот систем во фази, што ја поедноставува комуникацијата на пациентот со медицинскиот персонал и во моментов ја подобрува ефикасноста на последователната нега“, соопшти руското Министерство за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

ОН: Алармантна неисхранетост во Газа, децата се во опасност

Такер Карлсон за „Билд“: „Не го бранам Путин, но Русија се издигнува, додека Германија тоне“