Утрински Весник
Свет

Русија воведува рестрикции за „Твитер“, можнa е и целоснa забрана

ФБИ почна истрага за хакерскиот напад на „Твитер“

Руската федерална агенција за надзор на електронските медиуми и комуникации, „Роскомнадзор“, денеска објави дека ќе воведе ограничувања на мрежата „Твитер“ со забавување на протокот на информации, обвинувајќи ја администрацијата на оваа платформа дека од своите страници не отстранува забранети содржини, дури и по неколку предупредувања.

Од „Роскомнадзор“ предупредија дека „Твитер“, кој е широко користен од поддржувачите на рускиот опозиционер Алексеј Навални, ќе биде целосно блокиран, бидејќи само денес биле поставени над 3.000 објави со нелегална содржина.

„Забавувањето на ‘Твитер’ ќе се примени на 100 проценти од мобилните и 50 отсто од немобилните апликации и ако ‘Твитер’ продолжи да ги игнорира барањата засновани на закон, ќе бидеме принудени целосно да ја блокираме таа социјална мрежа“, објави „Роскомнадзор“, а пенесува „Ројтерс“.

Досега, „Твитер“ не реагираше на одлуката на Москва, која сака да воспостави поголем степен на контрола врз американските социјални мрежи во Русија, бидејќи тие, наводно, ги дискриминираат руските интернет платформи и објавуваат забранета содржина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина