Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија воведе санкции за Бајден

Русија воведе санкции за Бајден
Img 7972

Русија воведе санкции против американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Eнтони Блинкен и други американски претставници, се вели во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на серијата санкции без преседан… од 15 март оваа година руската ‘стоп листа’ врз основа на реципроцитет ги вклучува претседателот Џ. Бајден, државниот секретар E. Блинкен, секретарот за одбрана Л. Остин и председателот на Здружениот штаб М. Мили, но и голем број шефови на оддели и познати американски личности“, се вели во соопштението.

Според објавените информации, на руската листа за санкции се вкупно 13 американски претставници.

Претходно, во соопштение објавено на веб-страницата на американското Министерство за финансии денеска беше објавено дека во новиот пакет на санкции ќе бидат вклучуени руски судија, но и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Денес, Канцеларијата за контрола на странски имот на Министерството за финансии на САД стави четири поединци и еден ентитет на списокот со санкции во согласност со Законот за владеење на правото од 2012 година“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД