Утрински Весник
Свет

Русија: Вежбаме нуклеарни напади

Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег.

Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели кои имитираат ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и симулирани непријателски командни пунктови, пренесува АФП.

– По извршувањето на електронските лансирања, воениот персонал изврши маневар за промена на позицијата за да се избегне евентуален контранапад – додаваат од Министерството за одбрана.

„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.

Се додава дека во вежбите учествувале повеќе од 100 војници, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро