Утрински Весник
Свет

Русите пристигнаа на преговори, се чекаат Украинците

Русите пристигнаа на преговори, се чекаат Украинците

Руската делегација пристигна во Белорусија на вториот круг од преговорите со Украина, изјави за „Русија 24“ шефот на руската делегација Владимир Медински, додавајќи дека украинската делегација го напуштила Киев и е на пат за Белорусија.

Се очекува да пристигне во четврток рано наутро по локално време.

Украинската и руската делегација ќе бидат претставени со истите членови како и во првиот круг, објави руската државна новинска агенција РИА.

„Белоруските специјални служби целосно ја обезбедуваат ситуацијата во Белорусија, а нашата армија ќе обезбеди безбеден премин за движење на украинската делегација“, рече Медински, заблагодарувајќи и се на Белорусија што ја организира средбата.

Можете да прочитате

Објавуваа за луксузниот живот на политичарите, па владата ги укина социјалните мрежи, како започнаа протестите во Непал

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

Израел со ракетен напад врз главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас