Утрински Весник
Свет

Русите објавија снимки од заробените Американци

Руските медиуми објавија снимка на која, како што наведоа, се гледаат двајцата Американци заробени во Украина.

РТ објави кратка видеоснимка од разговор со маж кој го идентификува како Александер Друеке.

„Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, ве сакам“, вели Друке на снимката.

Друг руски дописник објави две снимки од двајцата заробени Американци, 39-годишниот Александер Друеке и 27-годишниот Енди Хајн.

Двајца американски воени ветерани исчезнале минатата недела во Харков кога борејќи се на страната на украинските сили, се нашле под руски оган.

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е свесен за ситуацијата, но не знае каде се двајцата Американци.

Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?