Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Русинот Павлович со контроверзен нокаут по само 55 секунди сред Тексас!

Img 7972

Рускиот УФЦ фајтер, Сергеј Павлович стигна до својата најголема победа во октагонот, откако му беа потребни само 55 секунди да го „уништи“ Дерик Луис во меч во тешка категорија во Далас на УФЦ 277, иако многумина сметаат дека судијата решил предвреме да го прекине мечот.

dobivaj vesti na viber

И покрај тоа што се соочи против еден од најопасните фајтери во историјта на тешката категорија, Павлович почна фуриозно и со бараж удари го прати Луис на подот, а судијата Ден Мираљота реши дека тоа е доволно за победа. Луис протестираше, но веќе беше предоцна.

„Бев подготвен да ги удирам пет рунди! Не е важно. Како ви се допаѓаат моите боксерски квалитети?“, изјави Павлович по мечот посочувајќи кон Мајк Тајсон кој беше во публиката.

Ова е четврта УФЦ победа во низа на Павлович, од кои сите беа завршени во првaта рунда со нокаут.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона