Утрински Весник
Спорт

Румениге: Со Интер ќе разговараме за Перишиќ, откако тој ќе одигра неколку натпревари

Румениге: Треба да размислиме за намалување на платите

Минхен, 21 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Управниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот сè уште не донел одлука дали да го купи играчот од средниот ред Иван Перишиќ, кој настапува за Баварците на позајмица од Интер.

– Перишиќ се опорави од повредата на ногата. Ќе разговараме за неговата иднина со Интер, откако тој ќе одигра неколку натпревари, изјави Румениге.

Во договорот за закуп на Перишиќ е пропишана клаузула за откуп, а се шпекулира дека „неро-азурите“ се подготвени да прифатат понуда од 10-15 милиони евра.

Перишиќ има пет гола и осум асистенции на 23 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на 31-годишниот Хрват на 17,5 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство