Утрински Весник
Спорт

Рубљев е новиот „цар“ на Санкт Петербург

Рубљев е новиот „цар“ на Санкт Петербург

Рускиот тенисер Андреј Рубљев (22) го совлада Борна Чориќ со 7-6 и 6-4 во финалето на турнирот од Серија 500 во Санкт Петербург и на тој начин го освои својот четврти трофеј сезонава, по оние во Доха, Аделаида и Хамбург.

Првиот сет помина во тактичко надмудрување, немаше брејкови, па се стигна до тај-брејк. Тука Чориќ имаше убава предност од 5-2, но со неколку грешки во низа му дозволи на противникот враќање во игра и пресврт за 1-0 во сетови.

Во вториот сет беше нерешено до 2-2, тогаш Русинот направи брејк за 3-2, а потоа следуваше рутинирана завршница.

За Рубљев ова е шести трофеј во кариерата, а за Хрватот ова е петто загубено финале. Досега има само 2 освоени тениски трофеи.

Рускиот тенисер утре ќе биде осми на АТП листата.

> Рубљев е новиот „цар“ на Санкт Петербург <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид