Утрински Весник
Економија

РТЛ Хрватска продаден за 50 милиони евра

РТЛ Хрватска продаден за 50 милиони евра
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватската телевизија РТЛ е продадена на Central European Media Enterprises (ЦME) за 50 милиони евра, јави хрватскиот портал „Индекс“.

Трансакцијата се очекува да биде завршена во вториот квартал од оваа година.

„ЦME, поранешниот сопственик на Нова ТВ, обезбеди долгорочни права за задржување и користење на брендот РТЛ во Хрватска“, се вели во соопштението на чешкиот инвестициски фонд ППФ во чија сопственост е ЦME, но e сопственик и на поранешниот „Теленор“, сегашен „Јетел“.

Трансакцијата е предмет на вообичаените услови за склучување, вклучително и добивање одобрение од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција и Агенцијата за електронски медиуми во Хрватска.

РТЛ Груп имаше мнозинска сопственост на РТЛ Хрватска, кој го основа во 2004 година, а од средината на 2015 година беше 100% сопственик.

Можете да прочитате

СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ

Левица: Додека граѓаните плаќаат најскапа струја власта се правда дека покачувањето е „минимално” 

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ