Утрински Весник
Македонија

РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

Скопје, 21 март 2020

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Истражувањата покажуваат дека 50% од возачите кои животот го загубиле во сообраќајна незгода, загинале поради тоа што не користеле појас, односно истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода дури за 50%.

Возачите и патниците мора да сватат дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за нивна лична безбедност и заштита на нивниот живот и нивното здравје. Во случај на сообраќајна незгода, сигурносниот појас го забавува и го спречува движењето на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир и на тој начин последиците од сообраќајната незгода во значаен дел се амортизираат.

Основната цел на користењето на сигурносниот појас е да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир и да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и на тој начин да се спречат повредите поради контакт со внатрешните делови од автомобилот.

Доколку возачот односно патникот не користи сигурносен појас може да настанат повеќе видови на повреди кои многу често се фатални. Како најчести видови и начини на повреди се издвојуваат:

– При не користење на појас, долниот дел на телото се лизга напред, колената удираат во долниот дел од предната маска. Како последица се јавуваат скршеници на нозете и комплицирани повреди на колената кои најчесто завршуваат со траен инвалидитет.

– Горниот дел од телото се придвижува нанапред, главата удира во горниот дел на каросеријата. Последица, тешка повреда на главата, неретко последиците се фатални.

– Главата удира на предното стакло, го крши или удира во таванската конструкција. Градниот кош налетува на воланот. Последици се повреди на главата, лицето и на очите, како и прелом на градниот кош. Повреди кои најчесто се фатални.

– Вратот и лицето паѓаат на воланот, главата удира во предно ветробранско стакло, а последиците се прелом на черепот, скршени ребра и тешко внатрешно крвавења. Сериозни и тешки живото загрозувачки повреди.

– Главата се враќа назад и се зафрла зад седиштата. Последиците се кршење на вратните пршлени на рбетниот столб. Исто така сериозни повреди со фатален исход.

Најдобро е да бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин да го намалите ризикот од сообраќајни незгоди. Со оглед на тоа дека ризикот од сообраќајни незгоди не може да се елиминира целосно, важно е да знаете дека многу сериозни и живото загрозувачки повреди може да бидат избегнати доколку редовно користете појас.

Затоа РСБСП со апел: Биди паметен! Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина