Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Ројтерс“: Бајден и Фон дер Лаен денеска ќе разговараат за превирањата на Балканот

„Ројтерс“: Бајден и Фон дер Лаен денеска ќе разговараат за превирањата на Балканот
300x250 opst2

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен за да разговара, меѓу другото, за трговијата и, како што наведува агенцијата „Ројтерс“, превирањата на Западен Балкан.

Средбата во Вашингтон доаѓа веднаш по средбата на Бајден и Фон дер Лаен на самитот Г-20 во Рим и на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, потсетува британската агенција.

Белата куќа соопшти дека лидерите ќе разговараат за серија насоки за економијата преку заедничкиот Совет за трговија и технологија на САД и ЕУ, како и за глобалното затоплување и регионалните прашања како што се Украина и Западен Балкан.

„Ројтерс“ наведува дека Бајден прави обиди да ги зајакне врските со Европа откако неговиот претходник Доналд Трамп ги отфрлил европските сојузници и институции за време на неговиот мандат.

„Претседателот Бајден ќе ја потврди својата поддршка за Европската унија како фундаментален партнер на Соединетите американски држави“, нагласува портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн во соопштението.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната