Утрински Весник
Спорт

Ројс се врати на индивидуални тренинзи

Ројс: Требаше порано да го постигнеме вториот гол

Дортмунд, 10 јуни 2020 (МИА) – Капитенот и играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс започна со индивидуални тренинзи, соопшти прес-службата на клубот.

На почетокот на февруари, 31-годишниот Германец претрпи оштетување на мускулите, од кое се опорави дури сега. Пријавено е дека во наредните денови играчот ќе може да се врати во општата група.

Ројс има 12 голови и седум асистенции на 26 натпревари за Борусија Дортмунд во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство