Утрински Весник
Свет

„Рош“ најави брз тест за коронавирусот до крајот на септември

„Рош“ најави брз тест за коронавирусот до крајот на септември

Швајцарската фармацевтската компанија „Рош“ објави дека на пазарот ќе пласира брз тест за коронавирус до крајот на септември, што ќе даде резултати за 15 минути.

Овој тест за антигени на вирусот САРС-КоВ-2, што ја предизвика пандемијата ковида-19, во кој од крајот на декември загинаа повеќе од 851 000 луѓе ширум светот, ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжителна за производите што влегуваат на пазарот на ЕУ.

Но, „Рош“ исто така сака да побара итно одобрување од Американската агенција за лекови (ФДА).

„Секој месец ќе бидат достапни 40 милиони брзи тестови за САРС-CoV-2. Тој капацитет ќе се зголеми повеќе од двојно до крајот на годината за да се задоволи побарувачката на здравствените системи во целиот свет“, соопшти „Рош“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години