Утрински Весник
Спорт

Роналд Куман: Ваква Барса сакаме да гледаме

Роналд Куман: Ваква Барса сакаме да гледаме

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, блескал од задоволство по убедливата победа (4:0), над Динамо во Киев, во четвртото коло во Лигата на шампионите.

Кума за овој натпревар реши да ги одмори Лионел Меси и Френки Де Јонг, тие не беа со тимот во Киев, а Антоан Гризман натпреварот го започна од клупата за резерви.

Два гола во Киев постигна Мартин Брејтвајт, а по еден Сержињо Дест и Антоан Гризман.

„Ваква Барселона сите сакаме да гледаме. Момците доминираа во текот на целиот натпревар, можат да бидат горди од начинот на кој што го одиграа мечот. Можеби во првиот дел не бевме ефикасни, но задоволен сум како игравме“, рекол Куман и дополнил.

„Гризман, поради мал физички проблем, мечот го започна од клупата за резерви, моравме да бидеме претпазливи. Многу е значајно да ги одмориме клучните фудбалери и во исто време да им пружиме шанса на некои од младите кои досега не играа. Младиот Мингуеза покажа дека можеме да сметаме на него во иднина“.

Барселона со победата над Динамо и теоретски обезбеди место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Тимот на Куман, викендов ќе игра против Осасуна во Ла Лига.

> Роналд Куман: Ваква Барса сакаме да гледаме <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина