Утрински Весник
Спорт

Роналдо ќе го урне светскиот рекорд и ќе го направи најскапиот трансфер во историјата?

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но големите европски клубови засега не се активираат за реализација на ваков трансфер. Интерес покажаа Челси, Баерн Минген, Рома, Наполи, се споменуваше и Барселона, но ниту еден од нив не му понуди конкретен договор.

dobivaj vesti na viber

Затоа фантастична понуда за португалската мегаѕвезда пристигна од Саудиска Арабија. Роналдо би го направил најскапиот трансфер во историјата на фудбалот околку прифати да замине во оваа земја. Трансферот би бил вреден неверојатни 250 милиони евра.

Целата приказна е вредна 300 милиони евра, од кои 30 милиони би му биле исплатени на Манчестер Јунајтед за трансферот, 20 милиони ќе заработат посредниците при зделката, а на самиот Роналдо му се понудени 250 милиони евра за двегодишен договор.

Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот засега останува преселбата на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен во 2017 година. Бразилецот замина за сума од 222 милиони евра. Роналдо има шанса да ја надмине таа бројка, но, сепак, не е познато дали е подготвен да го напушти европскиот фудбал.

Желбата на Роналдо е да игра во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите и токму тоа е единствената причина за напуштање на Манчестер Јунајтед.

Можете да прочитате

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери