Како мелем на раните по поразот во дербито од Интер, Јувентус го освои Суперкупот на Италија со 2:0 победа над Наполи, благодарение на 760. гол на Кристијано Роналдо, но и на лошото изведување на пенали на Лоренцо Инсиње.
Андреа Пирло пристигна на „Мапеи“ во Реџо Емилија под притисок по губењето на темпото со лидерите во Серија А, така што мораше да го победи тимот на својот добар пријател Џенаро Гатузо, и за среќа во тимот го има незаменливиот Роналдо, кој во 60-тата минута се најде на вистинското место за да го постигне својот 760. гол во кариерата.
?? Official: Cristiano Ronaldo becomes the top scorer in history thanks to this goal in the final !
Congratulations ?#CR7 #Ronaldo #Cristiano #JuveNapoli #JuventusNapoli
pic.twitter.com/pAHfBFiqx2— Best of Serie A ?? (@BestOfSerieA) January 20, 2021
Од тие јубилејни 760 голови во кариерата, Португалецот даде за Спортинг Лисабон (5), за Манчестер јунајтед (118), за Реал Мадрид (450), за Јувентус (85) и за португалската репрезентација (102). Со овој резултат, тој го сруши рекордот на Чехот Јозеф Бицан за најмногу голови во една кариера, иако Пеле и неговиот поранешен клуб Сантос во последно време тврдат дека тој постигнал 1.279 гола, броејќи ги многуте пријателски натпревари.
За Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 67. минута, а „партенопеи“ имаа совршена шанса да примораат продолженија, но Лоренцо Инсиње во 80-тата минута го утна ударот од белата точка, пред во 96. минута Алваро Мората да стави точка на сите неизвесности за 2:0.
> Роналдо со рекордниот 760. гол го донесе италијанскиот Суперкуп на Јувентус <