Утрински Весник
Спорт

Роналдо, сепак, почнал преговори со Пари Сен-Жермен?

Роналдо, сепак, почнал преговори со Пари Сен-Жермен?

И покрај првичните деманти од Пари Сен-Жермен, Кристијано Роналдо му порачал на својот агент, Жорге Мендеш да продолжи со преговорите со францускиот гигант, разочаран од елиминацијата на Јувентус од Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите, јавува францускиот „Футмеркато“.

Елиминацијата на Јуве веќе донесе смена на тренерот на италијанскиот клуб, откако Андреа Пирло го смени Маурицио Сари, а најавите од Италија се дека ќе се прави „ремонт“ на тимот со дури 10 фудбалери на продажба.

Роналдо по елиминацијата даде изјава во обид да се „збијат редовите“ во италијанскиот клуб.

„Огромен клуб како Јувентус секогаш мора да размислува како најдобрите на светот, да работи со најдобрите на светот за да можеме да се наречеме најдобар и најголем клуб на светот. Фановите бараат повеќе од нас. И мора да го оствариме тоа“, изјави Роналдо.

Но, по втора сезона разочарувања во европските натпреварувања по минатогодишната елиминација од Ајакс, 35-годишниот Роналдо сигурно сака да биде во клуб каде што може да биде ривал за своето омилено натпреварување. Останува да видиме дали има вистина во овие шпекулации.

> Роналдо, сепак, почнал преговори со Пари Сен-Жермен? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига