Утрински Весник
Спорт

Роналдо сега мрази Кока-кола, а претходно им беше заштитно лице

Роналдо сега мрази Кока-кола, а претходно им беше заштитно лице

Кристијано Роналдо, покрај двата гола за Португалија во првиот меч од ЕУРО 2020, беше еден од најозборуваните фудбалери по отстранувањето на шишињата „Кока-кола“ од прес-конференцијата на португалската репрезентација, порачувајќи им да пијат вода.

Неговите фанови веднаш посочија на неговото интервју во кое тој признава дека на својот син Кристијано Јуниор не му дава да пие газирани пијалоци со шеќер и фаст-фуд, а потоа се појави и интересна информација дека акциите на „Кока-кола“ паднале за над 4 милијарди долари по неговиот потег.

Меѓутоа, малку поциничните фанови, посочија дека во минатото, на Роналдо не му пречеше да биде заштитно лице на компанијата, како што покажуваат овие фотографии. Желбата за здрав живот исто така не му пречеше да биде спонзор и на фаст-фуд ланците ресторани „КФЦ“ и „Мекдоналдс“.

Еден потег на Роналдо ја чинеше „Кока-кола“ 4 милијарди евра

> Роналдо сега мрази Кока-кола, а претходно им беше заштитно лице <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина