Утрински Весник
Спорт

Роналдо постави рекорд во Серија А

Роналдо се врати во Торино

Болоња, 23 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо стана најдобар португалски стрелец во историјата на Серија А.

Тој синоќа во натпревар од 27. коло на италијанскиот шампионат постигна еден од двата гола за својот тим на гостувањето кај Болоња. За ова беше 43-от погодок.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ го надмина сонародникот Руи Коста кој помина 15 години во Италија, играјќи за Фиорентина и Милан.

Роналдо се пресели во Јувентус во 2018 година. Оваа сезона, 35-годишниот Португалец има 35 голови и 4 асистенции на 35 натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024