Утрински Весник
Спорт

Роналдо и следната сезона во дресот на Јувентус

Роналдо и следната сезона во дресот на Јувентус

Позната е судбината на Кристијано Роналдо, кога се работи за неговата кариера на клупски план. По очекуваниот епилог, спортскиот директор на „Старата дама“, Федерико Черубини најави дека Португалецот ќе остане во Торино и во наредната сезона.

Спортинг Лисабон се понадева дека ќе може да го врати фудбалерот во своите редови, но и Манчестер Јунајтед се надеваше на истото.

Изјавата на Черубини ги прекина надежите на останатите клубови:

„Моментно не добивам сигнали од Роналдо дека тој сака да го напушти клубот, така да ниту ние не сакаме да се разделиме со него. Среќни сме што Кристијано ќе остане со нас и во наредната сезона“.

Јувентус сега е во преговори со еден од најдобрите италијански играчи на ЕУРО2020, Мануел Локатели.

> Роналдо и следната сезона во дресот на Јувентус <

Можете да прочитате

Мурињо го коментираше поразот од Порто

Роналдо бил најплатениот спортист во 2025 година

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд