Утрински Весник
Спорт

Роналдо загуби две финалиња во низа за прв пат во клупската кариера

Реал нема намера да го враќа Роналдо

Торино, 18 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше дел од финалето на Купот на Италија против Наполи одиграно вчеравечер во Рим. Јувентус загуби на пенали со 2:4.

Португалецот за прв пат во клупската кариера загуби две финале во низа.

Во декември 2019 година, Роналдо како дел од Јувентус загуби од Лацио (1:3) во дуелот за италијанскиот Суперкуп.

Јувентус и Роналдо веќе 2 години го немаат освоено Купот на Италија. Клубот без Роналдо го освојуваше трофејот во ова натпреварување четири години по ред. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет