Утрински Весник
Спорт

Роналдо губи 10 милиони евра поради коронавирусот

Јуве крие голем скандал помеѓу Роналдо и Сари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торино, 22 март 2020 (МИА) – Петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо ќе изгуби околу 10 милиони евра како резултат на пандемијато од коронавирус, пренесува „Мундо Депортиво“.

Италијанските клубови ќе имаат можност привремено да ги намалат платите на своите играчи и вработени од економски причини.

Според изворот, месечните надоместоци ќе се намалат за 20 до 30 отсто. Загубите за натпреварувачите ќе бидат пропорционални на висината на платата. Ова значи дека играчите од клубовите во пониските дивизии ќе претрпат помалку финансиски проблеми. Но, оние во Серија „А“ ќе бидат најпогодени.

Роналдо зема 30 милиони евра за сезона во Јувентус и би можел да загуби околу 10 милиони евра поради технолошки вишок. Кристијано има најголема плата на Апенините. По него е неговиот тимски колега Матијас де Лихт со 8 милиони евра, а потоа следува и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку (7,5 милиони евра).

Најскапо платениот тренер во Италија е Антонио Конте од Интер со 11 милиони евра. Маурицио Сари од Јуве е на второто место со 5,5 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја