Утрински Весник
Спорт

Роналдо го сака Зидан за менаџер во Јунајтед

Роналдо го сака Зидан за менаџер во Јунајтед

Манчестер Јунајтед во минатото коло на Премиерлигата доживеа пораз од 4-2 кај Лестер, екипата предводена од Оле Гунар Солскјер не игра на највисоко ниво, а за тоа е свесен и Кристијано Роналдо.

Португалецот е еден од оние кои сметаат дека на „црвените ѓаволи“ им треба нов менаџер. Норвеѓанецот се повеќе ја губи довербата кај навивачите, кај играчите, кај медиумите.

„El Chiringuito“ пишува дека Роналдо на „шефовите“ и препорачал да го ангажираат Зинедин Зидан.

Французинот до крајот на минатата сезона беше на кормилото на Реал Мадрид, а тој и Роналдо имаа сјаен однос додека беа во таборот на „Кралевите“.

Се чини дека Солскјер ќе добие уште неколку можности да се „извади“, ако резултатите и играта не се поправат, не е чудо клубот да тргне по француската фудбалска легенда.

> Роналдо го сака Зидан за менаџер во Јунајтед <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија