Утрински Весник
Спорт

Роналдо ги именуваше петте играчи кои според него требаше да ја добијат Златната топка

Мурињо го прогласи најдобар играч во историјата, не е ниту Меси, ниту Кристијано
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рио де Жанеиро, 9 мај 2020 (МИА) – Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо именува пет играчи кои заслужија да ја добијат „Златната топка“, но не ја освоија наградата.

– Јас би рекол дека има четири играчи кои не ја освоија Златната топка, а требаше да ја поседуваат. Тоа се Алесандро Дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул.

Исто така, на оваа листа би го додал и Роберто Карлос, кој беше двапати втор зад мене, изјави Роналдо на Инстаграм во живо во разговор со Дел Пјеро.

Роналдо двапати ја доби Златната топка: во 1997 и во 2002 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер