Утрински Весник
Спорт

Роналдо: Без дилема, Златната топка треба да оди кај Бензема!

Роналдо: Без дилема, Златната топка треба да оди кај Бензема!

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима на својот инстаграм-профил открива дека негов фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема.

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот го обожува францускиот напаѓач кој со години е ударна игла во нападот на Реал Мадрид. Бразилскиот Роналдо дава и аргументи како поткрепа на ова негово мислење.

„Без дилеми, мој кандидат за Златната топка е Бензема. Најдобар напаѓач е во светот, на брутално ниво игра веќе 10 години и е шампион над шампионите. Зар не е така?“ напиша Бразилецот на социјалната мрежа.

> Роналдо: Без дилема, Златната топка треба да оди кај Бензема! <

Можете да прочитате

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани