Утрински Весник
Политички Партии

Ромео за МИА: Веќе нема изговори за одложување на одлуката за преговори

Ромео за МИА: Веќе нема изговори за одложување на одлуката за преговори

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Италија смета дека не постојат повеќе изговори за понатамoшно одложување на датумот за преговори. Се надеваме и очекуваме дека тоа ќе се случи до Самитот во Загреб, оцени италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за МИА.

Позитивниот извештај на ЕК и обновената препорака за старт на преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, според амбасадорот Ромео, е одлична вест и потврда дека двете земји постигнале значителен напредок на патот кон евроинтеграциите.

– Ние како Италија тоа го очекувавме. Сметаме дека конечно постојат сите услови за Северна Македонија да го добие датумот за преговори. Не дека претходно условите не постоеја, тие постоеја и во октомври и во јули минатата година. Меѓутоа, сега веќе сите оние пречки што постоеја сметаме дека се надминати и дека конечно можеме да очекуваме отворање на преговорите. Двата елемента кои се очекуваа во меѓувреме – ревизијата на методологијата беше прифатена, односно беше позитивно оцената од сите земји членки на ЕУ и вториот елемент беше оваа препорака – документ кој го очекувавме да излезе од Европската комисија, кој е позитивен и ги препознава сите напори кои државата ги вложи во постигнување на резултатите во реформите и во сето она што од неа беше побарано, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Во интервјуто за МИА што наскоро ќе го објавиме во целост, амбасадорот Ромео се осврнува и на проблемот со коронавирусот во Италија, за начините на кои властите се справуваат со него, за мигрантската криза,…см/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт