Утрински Весник
Спорт

Рома ќе му понуди на Мертенс договор на три години

Наполи се спасуваше против Бреша, Елмас мораше да влезе

Рим, 24 април 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, ќе му понуди на напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, тригодишен договор, објави „Кориере дело Спорт“.

Според изворот, римскиот клуб има намера да потпише договор со 32-годишниот Белгиец, чиј договор со Наполи ќе заврши на крајот на јуни 2020 година.

Се шпекулира дека Рома ќе му понуди на играчот плата од 3,5 милиони евра плус можни исплати на бонуси.

Мертенс има 12 гола и шест асистенции на 29 натпревари за Наполи во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026