Утрински Весник
Спорт

Рома засекогаш! Трогателен подарок од починатиот татко

Рома засекогаш! Трогателен подарок од починатиот татко

Еден навивач на Рома, Даниеле Ченчи, на Твитер ја објави својата трогателна порака од неговиот починат татко и неговиот подарок кој го оставил пред да почине, уште еднаш покажувајќи дека љубовта кон својот омилен клуб нема граници.

Таткото на Ченчи починал на 8 ноември од рак, но му купил божиќен подарок на својот син – заштитна маска со логото на Рома и со неверојатна порака: „Драг Дани, продолжи да навиваш за нив и за мене. Те сака, тато“.

„Мојот татко ме напушти на 8 ноември, но вчера кога ги отворив подароците, го пронајдов овој“, напиша Даниеле на Твитер.

> Рома засекогаш! Трогателен подарок од починатиот татко <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Усман Дембеле се враќа во првиот тим на ПСЖ

Убиен професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг

Комплетирано 5-то коло во Супер Лигата