Рим, 21 јуни 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома се приклучи во борбата за дефанзивецот на Тотенхем, Јан Фертонген, пренесува „Ил Месаџеро“.
„Римската волчица“ сака да се засили со белгискиот играч како слободен агент и веќе започнале преговори со него. Раководството на Рома му понуди на фудбалерот двегодишен договор.
Фертонген е член на Тотенхем од 2012 година, каде се пресели од Ајакс.
Оваа сезона, 33-годишниот дефанзивец одигра 26 натпревари за Спарси, постигнувајќи два гола. зс/