Утрински Весник
Магазин

Роман Полански го загуби судскиот спор за неговото исклучување од Академијата за Оскари

Роман Полански го загуби судскиот спор за неговото исклучување од Академијата за Оскари

Филмскиот режисер Роман Полански, кој беше избркан од Академијата за филмска уметност и наука поради обвиненија за незаконски секс со 13-годишно девојче, во вторникот заврши со неуспешен обид да биде вратен како член на академијата, објави прес-службата на градот Лос Анџелес.

Полански (87), кој освои Оскар во 2003 година, беше избркан од Академијата во мај 2018 година, поради продолжено кривично дело кое датира од 1977 година.

Режисерот на Chinatown и Rosemary’s Baby поднесе граѓанска тужба против Академијата која ги доделва Оскарите во која тврди дека бил лишен од регуларен процес кога бил избркан од институцијата поради прекршување на кодексот на однесување, како одговор на обвиненијата за недолично сексуално однесување .

Адвокатите на Полански тврдат дека одлуката му била испратена по пошта со назнака дека веднаш стапува во сила, требало да претходи разумно објаснување за таква мерка и на режисерот му било ускратено правото да изнесе свој став за тоа.

Француско-полскиот режисер побегна од САД во 1978 година, откако беше обвинет за силување на 13-годишно девојче, и никогаш не се врати.

Оттогаш се соочи со други обвинувања за сексуален напад и непримерно сексуално однесување. Тој ги негира ваквите обвинувања.

И покрај наводите, Полански освои Оскар во 2003 година за режија за драмата од Втората светска војна, „Пијанистот“, како и француската награда „Цезар“  минатиот февруари, што предизвика протест на десетици жени.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста