Утрински Весник
Спорт

Роман Абрамович го напушти Челси

Роман Абрамович го напушти Челси
Dik 300x250 mk

Роман Абрамович по две децении го напушти Челси. Рускиот милијардер, во четвртокот, доби забрана за престој во Велика Британија. Вечерва, тој се огласи со соопштение, во кое се наведува дека по 20 години заминува од клубот.

„Во текот на овие 20 години како челник на Челси, секогаш се трудев нашиот клуб да служи за пример и мојата работа да биде клубот да функционира на највисоко ниво. Да овозможам клубот да биде успешен и да градиме позитивна иднина во заедницата. Секогаш Челси ми беше на прво место и секогаш ми беше во срцето. Засекогаш ќе му бидам верен на клубот. Објавувам дека сопственоста ја предадов на Добротворната организација на Челси. Верувам дека на најдобар начин ќе се грижат за клубот, играчите, персоналот и навивачите“, напишал Абрамович.

> Роман Абрамович го напушти Челси <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја