Утрински Весник
Магазин

Романците велат дека таа е најубавата жена на планетата

Канскиот филмски фестивал доби неочекувана ѕвезда – романската манекенка и актерка Мадалина Генеу, која се појави на црвениот тепих и ги остави без здив сите присутни.

34-годишната Романка ги воодушеви светските медиуми и стана сензација на затворањето на престижниот фестивал во Кан.

Манекенката успешно зачекори во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со легендарната актерка.

Некои мислат дека е поубава од Софија Лорен, а фановите на Инстаграм сметаат дека моментално е најубавата жена на планетата.

На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а на нејзината убавина не ѝ одолеале познатите момци со кои била во врска, како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста