Утрински Весник
Свет

Романија ги прекина летовите од 49 високоризични земји

Романија ги прекина летовите од 49 високоризични земји
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Романските власти соопштија дека ќе ги прекинат летовите со високоризичните земји за да се запре наглиот пораст на новозаразени со коронавирус.

Бројот на заразени лица во Романија се зголеми за рекордни 3.130 во изминатите 24 часа, а владата затвори театри, кина, ресторани и барови во главниот град Букурешт, а слични мерки воведоа и други градови, пренесува „Ројтерс“.

Патниците од 49 земји со висок ризик ќе мора да се изолираат 10 до 14 дена по пристигнувањето, освен оние кои патуваат на помалку од три дена, кои мора да имаат негативен тест на коронаирус.

Властите вчера ги прекинаа летовите од 49 земји на списокот, со исклучок на земјите од Европската Унија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода