Чикаго, 21април 2020 (МИА) – Скандалозниот Денис Родман изјави дека кога Мајкл Џордан го напуштил Чикаго Булс во 1993 година, Скот Пипен бил најдобриот играч на светот.
Родман, поранешен соиграч на Џордан и Пипен во „Булс“ и 5-кратен шампион во НБА (двапати со Детроит Пистонс и три пати со Чикаго), беше познат по своите вештини во играта во одбрана.
– Кога замина Мајкл. во 1993, 1994 и 1995 година, Скот Пипен беше најдобриот играч во светот. Во тој период, тој беше водач на тимот во секоја статистичка категорија … кога замина Мајкл, Скоти ги зеде работите во свои раце и беше најдобриот играч на светот, но луѓето не го знаат тоа, изјави Родман (58) за „Фрст Тејк“.