Утрински Весник
Македонија

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 29 ноември биле издадени судски наредби за приведување на три лица поради сомнение дека се сторители на кривични дела трговија со дете и родосквернавење.

Полицијата, презела мерки при што лишени од слобода се три лица и тоа родителите на детето Ш.А. (48) и Н.А. (41), како и А.К. (61), корисник на сексуални активности од дете кое не наполнило 14 години, тројцата од Скопје.

Во текот на денот тројцата биле изнесени пред Судија на претходна постапка, кој им одредил притвор во траење од 30 дена.

Поради фактот што Ш.А. и Н.А. се во брачна заедница од која имаат малолетни деца, ангажирани се претставници од ЈУМЦСР Скопје (ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи), за соодветно згрижување на децата.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци