Утрински Весник
Македонија

Родителите и оние на продолжено породилно отсуство од идната среда се враќаат на работа

Комисијата предлага хронично болните да се вратат на работа, а породилното отсуство да трае до јануари

Родителите и оние кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23 септември треба да се вратат на своите работни места, одлучи Владата на седница.

Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9 септември, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.

Родителите чии деца од шест до 10 годишна возраст се вклучени во воспитно – образовниот процес во училиште, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, велат од Владата.

Од истиот датум треба да се вратат на своите работни места и мајките се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство.

„Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство“, велат од Владата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер