Утрински Весник
Свет

Роденденската прослава заврши кобно во Кина – се урна ресторан, загинаа 29 гости на забавата

Роденденската прослава заврши кобно во Кина – се урна ресторан, загинаа 29 гости на забавата

Заврши акцијата за спасување на жртвите од несреќата којашто се случи вчера во Кина, кога се сруши двокатен ресторан за време на прослава на роденден. Во несреќата загинаа 29 лица, а 28 се повредени, од кои седуммина се во критична состојба.

Несреќата се случила вчераутро, кога двокатен ресторан во село на северот на Кина се урнал за време на прославата на 80-от роденден на еден од жителите.

Селото кадешто се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Официјалните лица не соопштија која е причината за несреќата, пишува Асошиејтед Прес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп стопира напади врз Иран две недели

Италијанскиот министер за одбрана: Светот полуде

Иранскиот потпретседател: Не се плашиме од Трамп