Утрински Весник
Магазин

Роберт Дауни Постариот почина на 85-годишна возраст

Роберт Дауни Постариот почина на 85-годишна возраст

Роберт Дауни Постариот почина на 85-годишна возраст.

Актерот и режисер – татко на sвездата на „Железниот човек“ Роберт Дауни Џуниор – починал во сон во неговиот дом во Њујорк по битката со Паркинсоновата болест, потврди неговиот син на Инстаграм во средата.

Роберт помладиот покрај фотографијата на својот татко напиша: „RIP Bob D. Sr. 1936-2021… Синоќа, тато замина мирно во сон по долга битка со Паркинсон и пустошот што му го нанесе оваа болест … тој беше вистински филски автор и остана неверојатен оптимист.“

Холивудската икона – кој беше познат како режисер на анти-естаблишмент класични филмови како што беа „Путни Своп“ и „Палатата на Гризер“ – се бореше со Паркинсон повеќе од пет години.

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус