Утрински Весник
Магазин

Ријана и Асап Роки го очекуваат првото дете

Ријана и Асап Роки го очекуваат првото дете

Поп-ѕвездата Ријана објави дека го чека своето прво дете со раперот Асап Роки преку фотографии споделени во понеделникот, а на кои двојката се држи за раце и открива видлив труднички стомак.

Фотографот Мајлс Дигс на својот Инстаграм-профил објави фотографија со натпис „ТАА Е!“

На фотографиите споделени на социјалните мрежи, а потоа преземени од светските таблоиди, Ријана (33) е облечена во фармерки и розова јакна, делумно отворена, така што го открива нејзиниот гол стомак. Според магазинот „Пипл“, фотографиите се направени за време на викендот во Харлем.

Пејачката родена во Барбадос, чие родено име е Робин Фенти, има освоено девет „Греми“ награди, и исто така има сопствен бренд за шминка и долна облека.

Ријана и Роки беа пријатели многу години пред да започнат љубовна врска. Раперот за магазинот GQ во мај 2021 година изјави дека таа е љубовта на неговиот живот и дека тој апсолутно сака да биде татко.

 

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци