Утрински Весник
Спорт

Ришарлисон е замената на Мбапе во ПСЖ?

Ришарлисон е замената на Мбапе во ПСЖ?

Француски ПСЖ се чини ништо не сака да препушти на случајноста, па веднаш штом станаа појасни работите околу Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид, „Светците“ тргнаа по неков заменик.

Новинарите на „ЕСПН“ Бразил со информација дека напаѓачот на премиерлигашот Евертон, бразилскиот голгетер Ришарлисон е во преговори со клубот од Париз.

Челниците на ПСЖ се во потрага по напаѓач кој ќе постигне многу голови сезонава, па Покетино го „маркирал“ токму Бразилецот кој игра во тандем со Нејмар кај „кариоките“.

И минатата сезона, напаѓачот на „карамелите“ Моис Кин беше на позајмица на „Паркот на принцовите“, но не заблеска, па се врати назад на „Гудисон парк“.

> Ришарлисон е замената на Мбапе во ПСЖ? <

Можете да прочитате

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Ѓоковиќ: Не размислувам за крај на кариерата

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место