Утрински Весник
Македонија

Ристоска: Горчлив е вкусот на разделбата, но слатки се спомените

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија, напиша на социјалните мрежи обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво-сладок.

-Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше, напиша синоќа Ристоска.

За неа СЈО, како што посочува, било симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост.

-Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет, пишува обвинителката Ристоска. дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот